Пругата Скопје – Солун затворена за сообраќај

 

Македонски железници транспорт акционерско друштво – Скопје соопшти дека пругата Скопје – Солун е се уште затворена за сообраќај и покрај најавите за нејзино деблокирање.

За блокадата претпријатието ги известило сите меѓународни организации, како и за последиците од неа.

Со ваквата ситуација која трае повеќе од еден месец Македонски железници транспорт, акционерско друштво, не е во можност да го реализира сообраќајот на овој правец, што дополнително предизвикува проблеми за корисниците на превоз во товарниот сообраќај, а со тоа и стопанството на Република Македонија.

За ваквата ситуација Македонски железници транспорт ги извести сите меѓународни организации чија надлежност е железничкиот сообраќај и транспорт и за последиците до кои оваа блокада доведува со спречувањето на основното начело на ЕУ, а тоа е непречено движење на стоки и лица, се наведува во соопштението од македонски железници транспорт.

 
 
19.04.2016 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега