МВР со детали за дивеењето на хулиганите на СДСМ

Вчера во периодот од 18 до 21 часот и 35 минути во централното градско подрачје се одржа протест организиран од неформално здружение ,,Протестирам“.  Протестот започна околу 18.00 часот пред објектот на СЈО, а потоа толпата околу 19.10 часот пристигнаа пред Собранието на Република Македонија. По кусо задржување пред Собранието насобраните граѓани околу 19.30 часот се упатија кон плоштадот Македонија каде се задржаа до 19.50 часот.

Протестот потоа продолжи по булевар ,,Партизански Одреди“, по улицата ,,Аминта Трети“ , улица ,,Мирослав Крлежа“  и пред  Министерството за култура.

Протестот заврши пред Владата околу 21.35 часот.

За време на протестот и по негово завршување, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир.

Регистрирано е оштетување на споменикот на АСНОМ во Жена Парк, како и фасадата на Министерството за култура, а оштетени биле и две патнички возила.  

 
 
19.04.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега