Уште не е лето а шумски пожари веќе беснеат во Македонија

Полицијата информира дека шумски пожари беснеат на територијата на Македонија.

Вчера околу 16 часот и 30 минути во Пехчево на местото викано „Црник“ настанал пожар при што биле опожарени неколку декари борова и дабова шума.

Екипи од Шумското стопанство-Равна Река преземаат мерки за гасење на пожарот.Се преземаат и мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Исто така, во текот на вчерашниот ден околу 17 часот во Ресен настанал пожар помеѓу село Златари и село Сопотско при што биле опожарени неколку хектари дабова шума.

Се превземаат мерки за гаснење и на овој пожар.

 

 
 
19.04.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега