Хорор во Скопје: Мртов маж извлечен од водите на Вардар

Трагедија вчера го потресе Скопје кога во Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж. Според податоците од македонската полиција, во 13 часот и 45 минути, по претходна пријава од граѓанин, полициски службеник од Полициката станица Центар од водите на реката Вардар, на десниот брег извлекол труп на непознато машко лице на возраст од околу 70-80 години. Смртта е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

Телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина, која ќе покаже во какви околности настапила смртта.

 
 
22.04.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега