ВИДЕО: Заев договара федерализација на Македонија во замена за поддршка од албанските партии

 

Дали редефинирањето на Македонија и нејзина федерализација е пазарот кој лидерот на СДСМ го направи со албанските политички партии и останатите албански структури во замена за нивната поддршка?
Претставникот на албанската дијаспора вчера отворено призна дека имал средба со Заев на која разговарале за федерализација на Македонија и дека после средбата, помалите албански политички партии излегле на улица за да го поддржат лидерот на СДСМ и неговото барање да нема избори

Меѓу албанските партии кои веќе се приклучија на протестите на Заев е и движењето Беса составено од радикални структури и платеници на соросовите фондови, кои отворено се залагаат за редифинирање на Македонија.

Јавна поддршка на Заев му даде и струшкиот градоначалник, кој не крие дека за своето учество на протестите ќе бара редефинирање на Македонија како бинационална држава

Акцијата за двонационална Македонија не е никакво табу во опозициските редови. Уште пред две години, Заев за тоа јавно зборуваше во медиумите, што според експертите е главната причина поради која албанскиот фактор во лидерот на СДСМ го гледа својот клучен партнер во намерата за редефинирање на Македонија

За редефинирање на Македонија и нејзина федерализација СОРОС готвеше терен уште пред неколку месеци. Тогаш, првиот човек на соросовата новинарска структура, Бранко Геровски во серија колумни јавно повикуваше дека е време да се разговара за федерализација на Македонија. Неколку месеци претходно, по терористичкиот напад на албанските екстремисти во Куманово, Заев немаше никаков проблем насмеан да се слика со албанското население на местото каде што животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили

 
 
22.04.2016 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега