Паника во Чаир и Сопиште
Драма и паника во Чаир и во Сопиште. Според податоците од полицијата, исчезнаа две лица.
Во првиот случиј, во 15 часот и 30 минути во Полициската Станица „Чаир“, 41-годишниот Ј.Ј. од Скопје пријавил дека на 22 месецов од 19,00 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечил неговиот брат. Се работи за 33-годишниот Ј.Х. на кој му се губи секаква трага.
Исто така, во вториот случај, десетина минути по полноќ во Полицијата во Кисела Вода, 32-годишниот Д.К. од Добри Дол пријавил дека на 24 во 19,00 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечил 59-годишниот З.М. од селото Сопиште.
Полицијата трага по лицета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа