Хулиганите кои ја запалија канцеларијата на Иванов ќе добијат кривични пријави

Секторот за внатрешни работи во Скопје и Единицата за насилен криминал, поднесоа кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителтво на 14 април годинава ги предаде Н. А. (30) и Ф. Н. (30) двајцата од Скопје, поради основи на сомневање дека сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Како што информира денеска МВР, Н.А. и Ф.Н. го извршиле делото на 13 овој месец, за време на одржување ненајавен протестен собир на кој присуствувале околу 2.000 граѓани. Тие учествувале во толпа со заедничко дејствување, со фрлање на тврди предмети, удирање и кршење на инвентарот, како и во други дејствија насочени кон оштетување на надворешниот и внатрешниот дел на објектот на Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, при што била предизвикана материјална штета.

Во врска со кривично-правниот настан, од страна на Единицата за насилен криминал преземени се дополнителни мерки и активности во однос на утврдување на лица учесници и можни сторители во настанот. 

- По дополнително прегледување на видео запис, утврдено е дека лицата З.С. (39) од Битола, а со место на живеење во Скопје, и В.К.(39) од Скопје учествувале во толпата која го демолирала објектот на Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, соопшти МВР.

Од полициските службеници од Единицата за насилен криминал, лицата на 22 април годинава биле повикани на службен разговор, но, како што се наведува, не се пронајдени за да им се врачат поканите. Единицата за насилен криминал доставила дополнителни покани и денеска З.С. и В.К. се јавиле на службен разговор во просториите на ПС ОН Кисела Вода. По консултација со дежурен Јавен обвинител тие се лишени од слобода и по брза постапка предадени до Основното јавно обвинителство.

Утврдено е дека З.С. кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија, заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлал со предмет кон Народната канцеларија на претседателот. В.К. кривичното дело го извршил на тој начин што додека се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на претседателот, преку искршениот прозорец исфрлал неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

Единицата за насилен криминал денеска со писмено известување до надлежното Основно јавно обвинитеслтво Скопје ги предаде З.С. и В.К. поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

 
 
25.04.2016 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега