Битолчани повторно порачаа: Избори на 5 јуни за крај на кризата (ФОТО)
На народниот собир на ГДОМ, кој денеска се одржува во Битола, неколку илјади граѓани повторно порачаа: избори на 5 јуни за излез од кризата која предолго трае.
-Пораката е една и единствена, да живее Република Македонија, да живее демократијата. Бараме и очекуваме избори на 5 јуни оваа година, а граѓаните во Македонија ќе ја дадат довербата на оние кои што тие сакаат, порача музичарот Сашко Савевски од Битола.
Од пред офицерскиот дом во Битола, илјадниците граѓани продолжија да се движат преку Широк сокак со цел да одржат еден протестен марш до плоштадот Магнолија.
25.04.2016 - 19:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа