Череп од маж пронајден на Стража - на исто место пронајдени пет тела на починати

Череп од лице кое се водело како исчезнато на 13ти месецов е пронајдено на земјен терен на планинскиот превој Стража, јавува Плусинфо повикувајќи се на неименувани извори.
Според информациите објавени од порталот, полицијата два дена го обезбедувала местото, а остатоци од телото барал и пес трагач.
По ДНК анализата на остатоците од черепот утврден е идентитетот. Станува збор за професионален возач кој подолг период се водел како исчезнат.
Покрај черепот на местото не се најдени други остатоци од телото.
„Во изминативе осум години, велат од полицијата, на таа локација се најдени најмалку пет човечки останки. За дел е утврдено како настанала смртта, а за некои сè уште се истражува.
“Јавноста се сеќава дека на десетина метри од малата дупка, пред една година беше пронајдено телото на скопјанецот Ивица Антевски, во провалијата крај патот. Во февруари 2008 година, полицијата ги откри останките на кичевчанката, 55-годишната Љубица Личоска, за која наводно се утврди дека била убиена од сега веќе покојниот новинар од Кичево, Владо Танески.“ – пишува Плусинфо

 

 

 
 
26.04.2016 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега