Машки труп пронајден во Пробиштип

Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 05 минути во Полициската Станица Пробиштип Ѓ.Н. пријавил дека во селото Злетово во водите на Злетовска река забележал човечки леш. Тој веднаш пријавил во полиција, а откако Брзата помош пристигнала на местото на настанот за жал можела само да констатира смрт.

Утврдено било дека се работи за 59-годишниот Б.Ј. од истото село, а на телото на починатиот немало траги на насилство.

Причина за смртта е давење во водите во Злетовска река од пред неколку дена.

Телото на починатиот е предадено на семејството. 

 
 
26.04.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега