Петгодишно дете се бори за живот на Ургентен во Скопје

Во 16 часот во Битола улицата„Мукос“ во една од собите на куќа од непознати причини настанал пожар, во кој со тешки телесни повреди се стекнало петгодишно дете.

Според податоците од полицијата, детето имало повреди и изгореници во пределот на рацете, нозете и лицето и  за жал се наоѓа во животна опасност.

По укажаната медицинска помош во Клиничката болница во Битола ќе биде префрлено во Ургентен центар -Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и 32-годишниот Б.Ј. и двегодишно дете.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната единица Битола.  

 
 
26.04.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега