Предизборна мисија на ПССЕ во Македонија за изборите на 5 јуни
Делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Стефан Шенах (социјалист од Австрија) престојува во Македонија во предизоборна мисија. Целта на посетта е да се направи проценка на предизборната кампања и политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни и воопшто за политичката криза во земјата.
Покрај Шенах од редовите на социјалистите и Гилeчи во делегацијата се наоѓаат уште пет други пратеници од сите политички групи на ПССЕ. Тие ќе имаат средби со претседатеот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија.
ПССЕ веќе имаше своја делегација во Македонија во рамките на пост-мониторинг дијлагот на Република Македонија со ПССЕ, од 15 до 18 февруари годинава.
Делегацијата на ПССЕ, за време на престојот во Македонија има предвидено средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, Јавниот обвинител, како и со членовите на дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа