Ништо од скарата за овој 1 Мај
Ништо од скарата и пикникот за овој 1 Мај. Ако немате некоја добра стреа, тогаш воопшто не планирајте да плаите скара бидејќи времето нема да ви биде наклонето.
За велигденските и првомајските празници подрачјето на Македонија се очекува да биде под влијание на влажни и нестабилни воздушни маси од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на места проследени со грмежи и со засилување на ветерот. Локално се очекуваат обилни врнежи.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени. УВ-индексот ќе има вредност седум.
Во петок и сабота во Македонија ќе има извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а на места и со појава на грмежи
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа