Одложено судењето за „Ќелија"

Одложен е стартот на судскиот процес „Ќелија“. Како што пишува Плусинфо, се одложи процесот во кој пет македонски државјани се обвинети за учество во странска војска.

Обвинети се Иса Фуга, Абдула Абдулахи, Ерол Рустеми, Имери Мухамед и Стефан Стефановски кои се товарат за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.

По говорот на обвинителот, скопскиот адвокат Ефто Спировски од судскиот совет, рече дека неговиот клиент Иса Фуга е подготвен да признае вина само за едно кривично дело од вкупно три, и дека е подготвен веднаш да замине на издржување на затворската казна, ама таа да била најмала, односно три години.

Адвокатот на обвинетиот Стефан Стефановски, побара од судот да му биде обезбедено време за дополнителен увид во доказите.

За потсетување, големата антитерористичка акција „Ќелија“ го откри гнездото за регрутација на борци за ИСИЛ од Македонија. Лицата се сомничат за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоените формации на блискиот исток, но и за учество во силите на ИСИЛ. Приведените се на возраст од 19 до 49 години. Речиси сите биле повратници од борбите во Сирија а зад себе имале и криминали досиеа.

Акцијата беше спроведена во август минатата година и ја потресе македонската јавност.

 
 
27.04.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега