Се самоуби лицето кое пукаше во Капиштец

 

 Полицијата подолг период се обидуваше да влезе во станот од каде што дојдоа истрелите, а кој бил барикадиран од внатрешна страна. Неофицијално, човекот се самоубил

Екипа на брзата помош после чекање од еден час влезе во зградата на улицата „Народен фронт“ во близина на Цветниот пазар од каде што денеска околу 13.30 часот беше пукано врз паркирани возила, при што беше погодено едно комбе. Полицијата подолг период се обидуваше да влезе во станот од каде што дојдоа истрелите, а кој бил барикадиран од внатрешна страна. Неофицијално, човекот се самоубил.

При истрелите, насочени кон паркингот, нема повредени. Нанесена е само материјална штета врз комбе на компанијата „Мирновец пиротехника“, кое подолг период е паркирано во близина на зградата од каде што дошле истрелите.

Лицето кое е се самоубило е Коста Крпач, сопственик на веб сајтот Нетпрес.

 
 
27.04.2016 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега