Тешка сообраќајна несреќа во близина на Прилеп - 4 лица повредени, 2 се борат за живот

Четири лица се повредени од кои две потешко при директен судар на две возила, кој вечерва се случи на регионалниот пат Росоман - Прилеп.

Ова го истакна портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, која рече дека сообраќајната несреќа се случила околу 20 часот, полициските службеници се на лице место, а увидот ќе го врши јавен обвинител.

Од Службата за Итна помош при Здравствен дом Кавадарци интервенирале со медицински персонал и две возила.

- Едно од возилото престигнувало и удрило директно во другото, кое излегувало од бензинската пумпа. Тешко повредените се млади полнолетни росоманци и откако биле примени во Кавадаречката општа болница, биле препратени на скопските клиники.

Полесно повредените жена и детенце од другото возило се во Кавадаречката болница на опсервација, соопштија од Службата за Итна помош при Здравствен дом Кавадарци. 

 
 
28.04.2016 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега