Пожарникари го сечеле автомобилот, патникот викал од болка - глетката кај Росоман ужасна

Страшна несреќа се случи за време на велигденските празници при судир на патничко возило и автобус во 21 часот и 15 минути кај Росоман. Во сообраќајната  несреќа учествувале  автобус со прилепски регистерски ознаки управуван од 55 годишен жител на Прилеп и патнички автомобил марка „рено “со прилепски регистерски ознаки управуван од 54 годишен жител на Градско.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил кој бил  пренесен во Клиничкиот  центар во Скопје, како и двајца неговите  сопатници  на возраст од 32 и 15 години.

Пожарникарите за Дневник раскажуваат дека глетката била ужасна. Тие го сечеле автомобилот додека истурало дожд за да го извадат лицето кое останало приклештено во возилото по страшната несреќа. Проблем било сечењето на лимот бидејќи така лесно можела да се запали плинската боца.

Приклештениот во автомобилот викал панично за помош. Се ширела непријатна миризба. Имало викотници и паника.

За среќа, повредениот патник е успешно изваден од автомобилот по кобната несреќа и е пратен во болница.

По сообраќајката сообраќајот беше во прекин два часа.

 
 
04.05.2016 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега