Тричковски со нови закани и говор на омраза
Препознатливо, во негов стил, еден од новинарските перјаници на Зоран Заев се огласи преку социјалните мрежи повторно со говор на омраза и закани.
Бранко Тричковски овој пат повикува на ослободување од патриотите, нарекувајќи ги ѓубре.
-Не постојат нормални патриоти, како што не постои трезен човек со три промили алкохол, патриотите се ѓубре од кое треба да се ослободиме!, пишува Тричковски.
Како што пишуваа медиуми, Тричковски во очи на најголемиот христијански празник Велигден, упатуваше страшни желби за Македонија.
– Ќе правеле селска војна. Па правете ја! Ќе ве истребиме до последното моронче. Ние нема да ја повториме фаталната грешка на комунистите, пишува тој за Плусинфо
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа