Изборите на 5 јуни веќе не се опција
Избори на 5 јуни повеќе не се опција, пишува Дневник повикувајќи се на партиски избори. Според весникот, во владејачката партија сметаат дека е лоша варијантата партијата сама да излезе на избори откако станало јасно дека ниту една од албанските партии нема да се појави пред гласачите.
Ставот на ДУИ е дека нема шанси да учествуваат на изборите на 5 јуни.
- Нема шанса да се премислиме кога стана јасно дека на избори на 5 јуни нема да учествуваат четирите партии. Не подготвуваме пратенички листи. Избори на кои не учествува една од големите партии не се избори, туку партиски конгрес – вели висок функционер од ДУИ за Дневник.
Разговорите меѓу партиите продолжуваат и се очекува деновиве да се најде начин како да се повлече аболицијата и повторно да се состане Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа