Аболицијата се повлекува на 15 мај - договорен нов датум за избори?

 

Аболицијата ќе се повлече до 15 мај, а изборите ќе се одржат на крајот на септември. До тогаш теренот ќе го подготвува Влада на широка коалиција. Висок партиски извор од Бихаќка за Дневник вели дека веќе се исцртани контурите на договорот меѓу политичките партии и меѓународниот фактор за излез од политичката криза. Тој не открива повеќе детали за тоа што е договорено ниту пак каков е ставот на останатите партии.
Информацијата нема ниту официјална потврда од СДСМ, ниту пак било каква реакција од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму последниот став е дека нема уставна можност да се свика повторно Собранието.
Од кабинетот на Иванов нема официјален став. Неофицијалниот е повторување на позиции кои и претходно беа поставени од Вила Водно. Од таму велат дека се уште се во консултации со правни експерти како да се повлече аболицијата, но до овој момент нема решение.

 
 
10.05.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега