Почина скопјанецот кој во саботата беше претепан во кафеаната „Деспина“

Утрово почина триесетгодишниот С.Б (30) од Скопје, кој беше повреден во саботата во тепачка во поранешната кафеана „Деспина“. 

Извори од Клиничкиот центар за Телеграф.мк потврдија дека пациентот починал на Клиниката за неврохирургија, каде што бил примен на интензивно лекување.

Телото е однесено на обдукција.

Како што соопшти МВР, на 7 мај, во 11.45 часот, во Ургентниот центар било однесено лице со тешки телесни повреди, односно со скршени горна и долна вилица. Повредите настанале по тепачка.

 

 
 
10.05.2016 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега