Детали за хоророт: Студентката од Скопје го фрлила бебето - потоа се забавувала во автобусот

Скопјанка направила вистински хорор откако родила бебе и го фрлила во тоалет. Се работи за 23-годишната Т.И. од Скопје која веќе била во 7/8 месец од бременоста. Таа претходно била лекарски контролирана, а и покрај сето ова тргнала на апсолвентска ексурзија, информираше вчера македонската полиција.

Според податоците на Дневник, 23-годишната апсолвентка на Економскиот факултет во Скопје, во тоалетот на Граничниот Табановце се породила и фрлила живо женскородено бебе. Потоа, како ништо да не се случило, се вратила на седиштето од автобусот и го продолжила патувањето. Грозоморниот настан кој ја потресе македонакта јавност се случил на 29 март.

Девојката на Табановце почуствувала силно сечење во стомакот. Сепожалила на другарите и побарала таблета. Се напила Рапидол, а откако болкитестанале неподносливи, отишла во тоалетот. Таму, додека стоела над ВЦ школката ја забележала главата на бебето кое почнало да излегува. Бебето следниот момент паднало, а студентката наместо да побара помош, ја пресекла папочната, и иако било живо, го фрлила во корпа за отпадоци и го покрила со тоалет. Потоа бебето починало.

Настанот го открила хигиеничарката која го чистела тоалетот наредниот ден. Таа се згрозила и пријавила во полиција.

Пријателките на апсолвентката во полиција изјавиле дека не знаеле дека е бремена и не знаеле за хоророт кој го направила.

Девојката ќе одговара за убиство на дете при пораѓање, пишува Дневник.

 

 

 
 
13.05.2016 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега