Лозот „Среќни Коцки" израдува жител на Ново Село со 100.000 денари

 

Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ продолжува да изненадува. Пред неполна недела во Делчево беше постигната добивка од 1.000.000 денари, а веќе денес во Ново Село – струмичко, е изгребан лоз со добивка од 100.000 денари.

Младиот добитник Д.С. купил два инстант лоза од кои вториот му ја донел добитната комбинација на четири исти коцки. Лозот е купен во среќното место АИДА во Ново Село, кое е веќе познато по честите добивки меѓу кои премии автомобили и парични добивки до 500.000 денари.

Семејстово на нашиот најнов добитник често игра игри на среќа, а ова им е првата поголема добивка. Со нас споделија дека се надеваат дека следната добивка ги очекува  во омилената семејна игра – играта НовоЛото 7/34. Токму оваа игра на среќа на Државна лотарија на Македонија, чии извлекувања се секоја среда и сабота на ТВ Сител од 20:00 часот, ја носи најголемата премија во Македонија, која за следното коло изнесува над 16.000.000 денари.

Денес во Државна лотарија на Македонија се запознавме и со најновиот добитник на парични добивки од инстант лозот Твингоманија. Добивката изнесува 25.000 денари, а постигната е во Охрид, на лоз купен од продажното место Голден Тобако, каде добитникот купил три лоза од кои третиот бил добитен.

Игрите на Државна лотарија на Македонија нудат можност за забава и добивки, а секоја недела на списокот на добитници ја имаме Македонија во мало.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !

 
 
17.05.2016 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега