ДЕНЕШЕН: Шилегов под услови на “режим” купил два нови стана вредни 160.000 евра

 

Режим, немање на слобода, тиранија се најчестите напади од страна на СДСМ и портпаролот на Зоран Заев, Петре Шилегов. Но дека од тоа нема ништо, најдобро сведочи личниот пример на Шилегов кој под улови на “режим“ живее одлично и купил два нови станови во екслузивен станбен комплекс, пишува ДЕНЕШЕН.

Два нови стана од 72 и 64 м2 плус помошни простории е имотот кој го купила фамилијата Шилегови. Двата станови се на името на Јасмина Шилегова, сопруга на Петре Шилегов. Сумите кои биле уплатени од страна на Шилегови се 75.206 евра, и 84.494 евра. Со сопственоста се стекнале пред неполна година поточно на17.07.2015-та, објави порталот.

silegov-dokument2

Двата стана се наоѓаат во општината Карпош на булеварот „Партизански одреди“. Тоа го потврдува и договорот до кој дојде ДЕНЕШЕН кој е во висина од 9.846.523 денари односно 160 илјади евра платени во готово на продавачот на имотот.

Претходно е познато дека Шилегов поседува трикатна куќа, од 313 метри квадратни, автомобили Мерцедес и Ауди, но и стан од 88 метри квадратни во вкупна вредност од половина милион евра, потсетува ДЕНЕШЕН.

silegov-dokument

Тој се најде на удар на јавноста која бараше одговори  како Шилегов стекнал толкав имот иако пријавил дека од семејната фирма зема плата од безмалку 23.000 денари, а неговата сопруга близу 11.000 денари. Нејасно е како Шилегов го зголемил својот имот за дополнителни два стана вредни 160 илјади евра.

silegov-3

Инаку како претседател на второстепената владина комисија за јавни набавки во периодот на владеењето на СДСМ до 2006-та година, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одлучувал спорови во кои негови главни фаворити на тендерите биле фирми како  „Јавор Шпед“, фирма во сопственост на „кланот Заеви., фирми блиски до СДСМ како СЕМОС, веледрогеријата  Пановски и други.

silegov-dokumenti4

 
 
22.05.2016 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега