Денеска Македонија го потпишува договорот за „Јужен тек“

 

Вчера македонска делегација, предводена од претседателот на Владата, Никола Груевски, замина за Москва каде денеска треба да го потпише договорот за „Јужен тек“, по покана од страна на Руската Федерација.

- Ова е исклучителен значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла, изјави премиерот Груевски и подвлече дека и за внатрешната инфраструктура има зацртано план за тоа како да се реализира и, истакна дека се планира брз почеток, но зависи од тоа дали ќе има доволни количини нгас.

- Сега со склучување на договорот за Јужен тек, сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец, појасни Груевски.

Гасоводот „Јужен тек“ треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првитеколичини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасовоот е 63  милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа. Македонија  во јули минатата година влезе во проектот „Јужен тек“. Изградбата на гасоводот почна во декември 2012 година.

ФОТО:Влада

најчитано сега