Гевгеличанец падна во рацете на полицијата

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 24-годишниот М.Н. од Неготино, Д.С. (24) од Свети Николе, Д.А. (23) од Гевгелија и Д.А. (31) од Свети Николе поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

М.Н. извршил продажба на 55 екстази на Д.С., кој се јавува како посредник и организатор на продажбата помеѓу М.Н. и Д.А. (23). Д.С. задржал за себе седум таблети, а останатите 48 таблети му ги дал на Д.А. (23), додека пак Д.А. (31) извршил превоз на Д.С. и Д.А. до Неготино овозможувајќи да се изврши купопродажбата на екстазите.

Исто така при извршен преглед над Д.А.(31) пронајдена е 0,23 грама марихуана.

 
 
27.05.2016 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега