ФОТО: Привршува изградбата на црквата во спомен на убиените во масакрот кај Смилковци
Привршува изградбата на црквата „Светите четириесет маченици – Младенци“ која се гради кај Смиљковското Езеро во спомен на четирите брутално убиени момчиња од Радишани и рибарот од Црешово, пренесе Плусинфо.
На ред е изградбата на камбанаријата на црквата која треба да биде висока 20 метри.
Осветувањето на камен темелникот на црквата беше во февруари годинава, а местото каде црквата се гради се вика Кршиколе или Крст и е покрај самата заобиколница на Скопје, кај Смиљковското Езеро, на местото каде се масакрот. До неа ќе има камбанарија, голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани, како и Борче Стефковски, рибарот од Црешево.
Инаку, масакрот кај Смилковското езеро се случи на 12 април на Велики Четврток.
Извор и Фото: Плусинфо