Викендот во Македонија почна со трагедии: Кумановчанец почина на лице место

Викендот почна со трагедии во Македонија. Едно лице почина, а други две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 22 часот и 30 минути во кумановско Доброшане.

Како што соопштува полицијата, педесет и пет годишниот Горан С. од Куманово го загуби животот, а неговите двајца браќа се повредени, автомобилот „опел кадет“ со кумановски регистарски таблички кој се движел на магистралниот пат Свети Николе -Куманово на влезот во Куманово во Доброшане, од засега непознати причини преминал на другата коловозна лента и удрил во четири паркирани возила.

Од здобиените повреди Горан починал на лице место, а неговиот две години помлад брат С.Д се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во клинички центар во Скопје, додека помладиот брат 38 годишниот Н.Д се здобил со телесни повреди.

По наредба на основен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството. Увидот што го изврши увидната екипа на кумановската полиција ќе ги покаже причините за настанувањето на сообраќајната несреќа.

 
 
28.05.2016 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега