Ѓорѓиев: Државните органи ќе вршат продажба по исклучиво електронски пат
Со усвоениот Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, од идната година продажбата на движни и недвижни ствари на државните органи да се врши исклучиво преку електронски пат. Ќе биде инсталиране софтверски елетронски систем во рамките на Министерството за финансии.
За ова денеска на прес-конференција информираше владиниот потпарол, Александар Ѓеорѓиев. - Ова е голем чекор во борба против корупцијата, кој е во функција на намалување на трошоците на фирмите и подигнување на транспарентноста, рече Ѓорѓиев.
-Доколку еден државен орган има немера да оттуѓи или да се ослободи од движни или недвижни ствари кои се во негова сопственост, а кои има немера да ги оттуѓи, треба најпрво да објави јавна објава во најмалку три весници во Република Македонија. Рокот на поднесување апликации изнесува 20 дена, а Комисијата ќе ја врши постапката за електронско наддавање најдоцна во рок од три дена на продавачот треба да му испрати шифра и време, изјави Ѓорѓиев.
Ѓорѓиев обелодени дека секој субјект кој сака да учествува во електронското наддавање ќе треба да уплати депозит од 5 проценти, кои во случај да не победи на јавното наддавање му се враќаат назад. -Оној кој ќе победи на јавното наддавање во рок од пет дена треба да склучи договор со продавачот. Купувачот има рок од 15 дена да ги уплати парите на буџетскиот продавач. Доколку не го направи тоа ќе добие негативна референца и во наредниот период од една до две години нема да може да учествува во јавно наддавање, појасни Ѓорѓиев.