Велешанец паднал од трактор - во критична состојба префрлен на клиниките во Скопје

На 03.06.2016 година околу 09,15 часот од МЦ-Велес, во ПС-Велес било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето З.В.(36) од с.Виничани  кој изведувајќи земјоделски работи со трактор во атарот на с.Чичево изгубил контрола и при обид да скокне од него удрил во задното тркало. Поради сериозноста на повредите бил пренесен во УЦ-Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди, скршени четири ребра и пукнатина во пределот на черепот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
04.06.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега