Тетовчанец преживеал хорор - го нападнале со нож и пиштол

Четириесет и три годишниот М.С. од Тетово, во петокот околу 19 часот и 30 минути, пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот додека седел на една од масите на терасата од угостителски објект лоциран на ул. „Киро Ристески-Дрнц“ дошол Н.М.(33) од Тетово и започнале вербална расправија по што истиот физички го нападнал. М.С. му возвратил по што од страна на присутните лица истите биле раздвоени. Н.М. си заминал, а по кратко време дошол Б.А.(33) од Тетово кој почнал да го навредува и омаловажува при што му се приближил и со нож замавнал кон него. Пријавителот го фатил за рака и успеал да му го одземе ножот. По кратко време Н.М. повторно дошол и според кажувањето на пријавителот со закана со пиштол му наредил да му го врати ножот на Б.А. и откако му го вратил Н.М. и Б.А. повторно физички го нападнале. Осомничените лица биле приведени и со истите бил извршен разговор во СВР-Тетово, а по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

 

 

 
 
04.06.2016 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега