Паника во штипско: По 16 години затвор, започнал со реализација на списокот за острел

Tри кратниот убиец, 35-годишниот Шефаит Мастафа повторно во крвав пир, јавува Сител.

Вчера попладне околу 17 часот со автоматска пушка во семејната куќа во потплачковичкото село Ебиплија испукал неколку куршуми кон неговиот брат Ќемал, при што му нанел прострелна рана во пределот на десната надлактица.

Како што јавува телевизијата Ќемал веднаш е пренесен во штипската болница каде е задржан на лекување и е вон жовотна опасност. Шефаит побегнал од местото на настанот и сега сее страв помеѓу жителите од потплачковичките села во Карбинскиот регион.

-Имено, откако пред 16 години во с. Црвеулево со ловџиска пушка застрела три невини лица, а рани две, Шефаит беше осуден на 20 годишна затворка казна. Од затвор излегол пред година и пол, а во меѓувреме набавил и автоматска пушка. Тој се заканувал дека има список за отстрел на 81 лице за кои сметал дека го предале на полициските власти. За последен пат е виден утринава во атарот на с. Црвулево, местото на злосторствотото од пред 16 години. Жителите не сакаат да зборуваат пред камера, зашто стравуваат за нивните животи, објавува Сител.

-Агресивен е. Додека не биде фатен не смееме да кажеме ништо-изјави жител на с. Црвулево, кој сакаше да остане анонимен

Според мештаните Шефаит по излегување од затвор покажал знаци на ресоцијализација, се оженил и имал едно дете. Меѓутоа, откако ги нарушил односите со брат му, повторно се вратил на старо. Од полицијата засега не излегуват со конкретни информации, но потенцираат дека по него е распишана потерница и интензивно се трага.

 
 
04.06.2016 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега