Пораст на трошоците на живот
Трошоците на живот во мај годинава во однос на претходниот месец се поголеми за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,3 отсто. Во однос на мај 2016 година трошоците на живот бележат намалување од 0,7 отсто, а цените на мало намалување од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.
Порастот на индексот на трошоците на животот од 0,5 отсто во мај 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на компирот за 14,7 отсто, свежото и разладеното овошје за 9,1 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, за 6,6 отсто, другите пекарски производи за 1,4 отсто, конзервираното овошје за 0,6 отсто, брашното и другите житарици и алкохолните пијалаци за 0,5 отсто, замрзнатото овошје, другите прехранбени производи за 0,3 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.
Во мај пораст на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 14,6 отсто, мотоциклите за 6,9 отсто, течните горива за домаќинствата за 5,7 отсто, авионскиот превоз на патници за 2,2 отсто, течните горива и мазива за домаќинствата за 1,8 отсто, обувките за 1,7 отсто, теписите и другите покривки за под за 0,9 отсто, мебелот за домаќинствата за 0,6 отсто, информатичката опрема за 0,5 отсто, облеката, материјалите за одржување и поправките на станот за 0,3 отсто, услугите за одржување и поправки на станот и поправките на електричните апарати за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај услугите за сместување за 6,9 отсто, гасот за домаќинствата за 4,9 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 4,7 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,4 отсто, малите електрични апарати за 0,7 отсто, лековите за 0,6 отсто, големите електрични апарати за 0,5 отсто, велосипедите за 0,4 отсто, цврстите горива, алатите и опремата за куќи и градини за 0.3% и средствата за лична
хигиена и здравје за 0,2 отсто.
Намалување на индексот на трошоците на животот во мај 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај јајцата за 1,2 отсто, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, сувото овошје и јаткастите производи и сушениот зеленчук за 0,4 отсто, изнутриците за 0,3 отсто, месото, јогуртот, сирењата и урдата за 0,2 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа