Драма на македонските патишта - полцијата бркаше криминалци
Полициска бркотница вчера се одвивала во близина на Демир Капија.
Според информациите на МВР, вчера во 01:40 часот од страна на полициски службеници во близина на село Удово кај тунелите Демир Капија, му дале знак застане на 35-годишниот А.Б од Сарај-Скопје, кој управувал возилото „Рено Лагуна“ со кумановски регистарски ознаки, кој не застанал, туку ја зголемил брзината и продолжил кон Демир Капија.
Во близина на местото „Арсови Лаки“ бил фатен, а во возилото биле пронајдени 16 мигранти, 11 од Авганистан (пет малолетни), четири од Пакистан и еден од Иран.
Во 01:45 часот возачот и лицата се приведени во полициската станица во Неготино, за понатамошна постапка.
Од страна на судија за предходна постапка на А.Б. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа