Ставревски ќе потпише спогодба меѓу македонската и германската Влада

 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе ја потпише Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Германија за финансиска соработка 2012 година за „Програма енергетска ефикасност и обновливи енергии фаза III” во вредност од 35 милиони евра.

Од нив 15 милиони евра ќе бидат искористени за доизградба на Паркот на ветерни електрани „Богданци“, а останатите за реализација на проектот ХЕЦ „Шпиље 2“.

Во изминатата година АД „Електрани на Македонија“ ги заврши сите потребни меѓународни тендерски постапки за избор на опрема и изведувачи на проектот ПВЕ „Богданци“, од изградба на потребната инфраструктура, до изведувач на изградбата на ветерните електрани. Компанијата потпиша договор со Сиеменс Винд од Данска во конзорциум со грчки Сиеменс АС за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на шеснаесет турбини на ветер за ПВЕ „Богданци“.

Дел од средствата за реализација на проектот се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка и од сопствените средства на АД ЕЛЕМ.

најчитано сега