Партиите го поздравуваат признанието на СДСМ дека лажеле за изборни кражби
Вчерашното соочување на СДСМ со вистината и отстапувањето од лажните обвинувања дека ВМРО ДПМНЕ преку кражба на гласови победило на последните избори, денеска би требало да биде поздравено од останатите партии на преговорите кои продолжуваат.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нивниот партиски став од самиот почеток бил дека обвинувањата на опозицијата биле аспсурдни, граничеле со здравиот разум и биле плод на стравот на СДСМ од соочување со граѓаните. Разликата меѓу двете партии од околу 200 000 гласа, кока се одржува години наназад е највеќе заради разликата во квалитетот на понудата и спротиставувањето на концептот на проекти и реформи со концептот на деструкција.
Од СДСМ не сакаа да го коментираат салтото кое што го направи партијата, ниту да образложат зошто целата држава беше држена во заложништво и два пати се одлагаа изборите.
Партиите на Албанците кои ги контактиравме коментираат дека за нив е најгажно тоа што СДСМ се согласил избирачкиот список да остане практично ист. Воопшто не е спорно што повеќе од 150 000 албанци ќе бидат обележани со ѕвездичка, бидејќи тие го задржуваат правото на глас, а само ќе треба да се изјаснат каде ќе гласаат на денот на изборите, во Македонија или во дипломатско конзуларните претставништва. Од албанските партии велат дека така било и досега, односно доколку лице кое живее надвор од Македонија ннсе пријави за гласање во ДКП, тогаш правото на глас може да го оствари во земјава. Во однос на бројот од околу 42000 граѓани кои треба да се проверат и за кои ќе отпочне некој вид на активна регистрација, од ДУИ и ДПА велат дека веднаш ќе тргнат со засилени активности на терен за да ги анимираат албанците да се запишат во избирачкиот список, бидејќи и во оваа категорија што ја спори СДСМ, повторно најголемиот дел се Албанци од 6 изборна единица кои не биле најдени дома. Забелешката на албанските партии е дека дури и да не успеат да ги пронајдат и анимираат луѓето во предвидениот рок за активна регистрација, им останува можноста тоа да биде сторено дента кога ДИК ќе го стави на увид Избирачкиот список.

Од овие причини се очекува четирите партии денеска да ги доближат ставовите околу озбирачкиот список после вчерашното признание на СДСМ кое е протолкувано како посипување со пепел.
Дел од џентлменскиот договор за денешната средба било и да не биде напаѓан СДСМ со прашања зошто избегаа во два наврати и бараа да се одложат изборите кога цело време знаеле дека гласовите со кои ги победи ВМРО ДПМНЕ воопшто не се спорни. Како што вчера објавивме, преку 80% од гласачите кои ги спори СДСМ се албанци од шестата изборна единица и уште 10-тина отсто припадници на другите етнички заедници. ВМРО ДПМНЕ во ИЕ6 на последните избори освои околу 26000 гласа, односно 4 пратеници, што е многу далеку од бројката што ја спори СДСМ. Доколку СДСМ биле во право, како што вчера се коментираше со потсмев, тогаш според математиките би требало ВМРО ДПМНЕ да ги победи ДУИ и ДПА во Тетово и Гостивар со 15 пратеника против 5. Напредокот кој е постигнат со признанието на СДСМ во голема мера ја релаксирало атмосферата на разговорите меѓу партиите и отворило простор за дијалог околу пакетот закони за медиуми. Овој пакет според наши извори е во голема мера договорен меѓу партиите. Единствено нешто за кое не е постигната согласност е принципот на казнување, бидејќи единствено СДСМ се залагало за воведување на нови критериуми пто од друга страна може да бидат вовед во цензура и автоцензура.
На релаксирање на атмосферста се очекува да влијае и вчерашниот дебакл на протестите. Иако се најавуваа најмасовни протести до сега, се собрас единствено неколку стотини граѓани. Со тоа веројатно шаднаа маските за некаква масовност или некаква револуција и се покажа дека нема поддршка за насилна проѓена на власта или влегување во владата без мандат добиен од граѓаните на избори.
16.06.2016 - 09:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа