Трагедија во Македонија: Трудница не се разбуди од анестезија - три деца останаа без мајка
Уште една голема трагедија ја потресе македонската јавност. Трудница од Крива Паланка синоќа почина на пат кон скопските Клиники, откако примила анестезија.
МВР информира дека и покрај сите напори на лекарите да ја реанимираат, трудницата не се разбудила по примената анестезија во болница. Се работи за 45-годишната Слаѓана Д. која инаку остави три дечиња зад себе.
Во 20 часот на скопските Клиники била констатирана смрт.
Телото е дадено на обдукција.
16.06.2016 - 10:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа