Судењето за Диво Насеље продолжи зад затворени врати
Зад затворени врати денеска продолжи судскиот процес за хоророт во мај минатата година во кумановската Дива Населба.
И во следните десетина рочишта процесот ќе се одвива зад затворени врати. Пред спојување на двата предмета „Диво насеље“ и „Молња“ сведочеа околу 20-тина лица, во најголем дел роднини на обвинетите и жители на кумановско Диво насеље, кои тврдеа дека на 8 мај лани не забележале ништо невообичаено во населбата.
На обвинителна клупа седат 37 лица обвинети за тероризам кои тврдат дека не се терористи.
Инаку, минатата година во Диво Насеље на 9 и на 10 мај вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.
Убиени беа и десет лица од вооружената група.
16.06.2016 - 12:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа