Скопјанец се бори за живот откако бил прегазен на булеварот „Јане Сандански“

 

Вчера околу 12:20 часот во Скопје на булевар „Јане Сандански“, Н.Б.(1970) од Скопје, управувајќи со автомобил марка „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ф.М.(1996) од село Марино скопско.

Од екипа на Брзата помош, Ф.М. е однесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде му е констатирана тешка телесна повреда во пределот на главата, скршеница на черепот и е во животна опасност.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи во Скопје.

 
 
16.06.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега