Насадиле цела нива марихуана - уапсени две лица од Слупчане

 

Две лица од Слупчаен се приведени и кривично пријавени за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти МВР.

Р.А.(20) и Е.А.(20) се приведени вчера попладне на локација во атарот на село Алешевце, на која имало насад од растението „канабис сатива“, а кој подолг период била под опсервација нан полицијата.

На самото место се пронајдени и одземени вкупно 310 насади „канабис сатива“. Одгледуваните насади се со просечна височина од околу 2 метра.

Врз основа на судска наредба извршен е претрес во домот на Р.А. каде што се пронајдени и одземени ловна пушка и пиштол за кои што нема регуларни дозволи бидејќи се сопственост на неговиот дедо кој одамна е починат, за што дополнително ќе му биде поднесена соодветна пријава

најчитано сега