Македонско-бугарската и Стопанската комора на северозападна Македонија договорија соработка
Денеска Македонско-бугарската стопанска комора и Стопанската комора на северозападна Македонија потпишаа Меморандум за соработка.
Создавање балкански бренд за конкурентен настап на трети пазари е целта на бизнисмените од регионот, порачаа денеска претседателите Зоре Темелковски и Мендерес Кучи на потпишувањето на Меморандумот.
- Бизнисот секогаш брзо и правилно ги донесува одлуките. Сите ги имаме истите идеи и визии, од пресуден интерес за нас се пазарот и капиталот, истакна Темелковски. Тој го информираше својот колега Кучи дека Македонско-бугарската стопанска комора наскоро ќе организира два форума, во Скопје и во Софија.
И Кучи се согласи дека посебно значење треба да се даде на регионалната соработка.
Меморандумот за соработка што го парафираа двете комори предвидува продлабочување на економските релации меѓу компаниите - нивни членки, заеднички настап и освојување на трети пазари, размена на информации, организирање настани...
ФОТО: Сител