ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно се обидува да ги пласира сценаријата креирани во Фабриката за афери

 

Како и вообичаено, СДСМ повторно се обидува да ги пласира сценаријата креирани во Фабриката за афери, по принципот „кажи лага, па ако пројде – пројде“. Не проаѓа. Не проаѓа повеќе од 10 години, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Државните хартии од вредност се планирани аукции кои одат согласно веќе објавениот календар објавен на веб-страницата на Министерство за финансии, која секој писмен човек може да ја отвори, да ја разгледа и да се информира. Државните хартии од вредност исто така се во согласност со Буџетот за 2016 година кој е изгласан од Собранието на РМ. Истите беа воведени токму од СДСМ уште во 2004 година, односно цели 12 години пред СДСМ да се однесува како паднат од Марс, дека е збунет за аукциите со ДХВ, единствено обидувајќи се да креира паника меѓу граѓаните и финансиска штета на нивна сметка. Вистината е дека уште во 2003 година тогашниот министер за финансии има донесено Стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност во која се вели дека државните хартии од вредност ќе и помагаат на Владата на РМ за поефикасно финансирање на буџетскиот ликвидносен јаз кој е детерминиран од временската неусогласеност на јавните приходи и расходи, односно буџетскиот дефицит и истовремено за поддршка на  развојот на  финансиските пазари. Во Стратегијата се наведува и дека овој начин на финансирање на буџетскиот дефицит е многу поевтин и помалку ризичен на надворешни шокови и финансиски кризи.Вистината е и дека каматните стапки на државните хартии од вредност во времето на СДСМ беа неколкукратно повисоки во споредба со денес. Но, вистината никогаш не била пријател на СДСМ. Затоа граѓаните го казнуваат СДСМ повеќе од 10 години. СДСМ не се менува, нема да се промени ни исходот на изборите, кога и да собере СДСМ храброст да се појави на нив. Ќе биде поразен 10-ти пат по ред, реагираат од владејачката партија.

 
 
16.06.2016 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега