На повидок успешна приказна: Најавена инвестиција во Кочани

Во Кочани наскоро ќе се реализира кинеска инвестиција за производство на опрема за оризопроизводството со системот капка по капка, најавија по денешната средба градоначалникот Ратко Димитровски и потенцијалниот инвеститор Ванг Донг.
- Ќе инвестираме во опрема наменета за оризопроизводството и системот какпа по капка. Не радува што ќе можеме да инвестираме во Македонија и во најголемиот регион за производство на ориз кај вас, изјави Донг, сопственик на компанијата што планира инвестиција, а чие име и износ, како што најави, ќе бидат објавени дополнително.
Градоначалникот Димитровски изрази задоволство од најавата за инвестицијата во кочанското земјоделство, истакнувајќи дека се остварени успешни преговори со Кинеската амбасада во Македонија.
21.06.2016 - 12:48
Фото:
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа