Кривична за битолчанецот кој се самозапали во возилото

СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 66-годишниот Н.М. за Предизвикување општа опасност.

Од СВР-Битола информираат дека на 20 јуни, околу 03 часот и 10 минути, Н.М. револтиран затоа што истиот ден требало да оди на извршување казна од 10 години и 6 месеци затвор, влегол во сопственото возило Ауди-А 4 со битолски регистарски ознаки и сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“, така што ставил две туби со запаллива течност, две мали плински боци, и една голема плинска боца од 25 литри, која ја ставил во багажникот со претходно отворен вентил и со возилото од својотдом се упатил по Булевар „1 Мај“ во спротивна насока од дозволената.

На непознат начин се самозапалил и со голема брзина се упатил кон влезот на Основен суд, ја преминал високата банкина и удрил во десниот столб покрај самиот влез на Судот, каде предизвикал силен пламен кој целосно го уништил возилото. Од пламенот му се нанесени тешки изгореници по горниот дел од телото и главата, а воедно предизвикал опасност, пожарот да го зафати и самиот објект и лицата кои биле присутни во тој момент во објектот.

 

 
 
23.06.2016 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега