Бизарна несреќа во Скопје: Го згмечил трактор
Околу 08 часот и 30 минути на локалниот пат крај селото Црешево-Скопје, 54-годишниот С.Ѓ. управувал трактор без регистарски ознаки, при што го сопрел истиот, слегол од него, па едвај спасил жива глава.
Според податоците од полицијата, тракторот сам се придвижил и го прегазил С.Ѓ. кој е итно префрлен во Клиниките во Скопје.
Со тешки телесни повреди е задржан за понатамошно лекување.
29.06.2016 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа