Детали за несреќата во Неготино: Таткото загина, децата се борат за живот

Полицијата со детали за страшната сообраќајка која се случи вчера во 05 часот и 20 минути на автопатот Велес–Демир Капија, поточно кај Неготино. 41-годишната И.В. управувајќи со возило „Даеву Тукама“ со српски регистерски ознаки во кое сопатници биле 55-годишниот Љ.В. и три малолетни деца на возраст од десет, осум и една година, изгубила контрола над истото, по што удрила во оградата и преминала од спротивната насока.

Во незгодата на самото место за жал починал нејзниот сопруг, а со тешки телесни повреди се здобила и таа и трите дечиња кои се префрлени во болница.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Увид извршила екипа на полицијата.

 
 
02.07.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега