Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија

Во 15 часот и 15 минути на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Умин Дол се случила сообраќајна незгода во која 33-годишниот З.В.од Куманово, управувајќи моторцикл „Хонда“ изгубил контрола над моторциклот, излетал од патот и удрил во дрво, а потоа во бетонска бандера.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата во Куманово од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен Центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.

Се работи на расветлување на случајот.

 
 
02.07.2016 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега