Скопјанец отишол на викенд - го нашле мртов
Полицијата вчера во 12 часот и 30 минути добила пријава дека во викенд-куќа лоцирана во Маврови Анови на месноста викана „Бела вода“ бил пронајден починат 70-годишниот И.А. од Скопје.
Според податоците од полицијата, лекар за жал можел само да констатира смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата во Тетово, а по наредба на Основно јавно обвинителство Гостивар телото на починатиот е предадено на обдукција.
02.07.2016 - 13:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа