Фатен дилер од Скопје

СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство- Скопје го предаде 43-годишниот М.Ш. од Скопје, осомничен дека неовластено набавил поголема количина наркотична дрога хероин, која ја препакувал во помали паковки со вкупна нето маса од 27,25 грама, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје.

М.Ш. во засега неутврден временски период, се појаснува во соопштението, набавил поголема количина хероин и ја препакувал во помали количини со намера да врши улична продажба на зависници од Скопје. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека пријавениот препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, превзела опсежни мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

Од страна на полициски службеници по преземени оперативно тактички мерки и активности, на 28-ми минатиот месец во вечерните часови, се посочува во соопштението од МВР, пријавениот бил забележан во близина на УКИМ, како во грмушки покрај напуштена куќа остава едно полиетиленско кесе. Веднаш, откако го оставил кесето, полициски службеници му извршиле легитимирање и личен претрес, при што кај М.Ш. се пронајдени три паковки со хероин, кои требало да ги продаде  на зависници од Скопје, по што бил приведен во полициска станица.

 
 
05.07.2016 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега