Пожар во Велес

Во Велес вечерва околу 20 часот се запали градската депонија. Во гаснењето на пожарот учествуваат вработени од јавното претпријатие „Денвер“ кое стопанисува со оваа депонија.

Командирот на Противпожарната единица во Велес, Љупчо Лепидовски изјави дека засега не е побарана помош од нив.

- Засега не сме повикани, но ако побараат помош, ќе интервенираме во гасењето на пожарот, истакна Лепидовски

 
 
06.07.2016 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега